Македонија
31. August 2016 - 17:11

Акција за чистење на одводните канали во општина Кисела Вода

На територијата на општина Кисела Вода денеска беше реализирана организирана акција за чистење на одводните канали.

Акцијата се одвиваше на територија на целата општина преку истурените канцеларии на Секторот за месни заедници и социјална заштита на општина Кисела Вода.

На чистење на каналите, како превентивна заштита пред новонајвените обилни врнежи, работеа 50 сезонски работници распоредени по урбани и месни заедници, координирани од раководителот на Секторот за месни заедници и социјална заштита, се наведува во соопштението на општина Кисела Вода.

Во акцијата е расчистена згуснатата вегетацијата, наталожената тиња, како и на целиот отпад фрлен од несовесните граѓани во летниот и почетокот на есенскиот период.

Од општина Кисела Вода апелираат до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина, во која и самите живеат.