Македонија
7. November 2018 - 14:58

Акција за бришење графити во општина Карпош

Општина Карпош денеска спроведе акција за отстранување графити со навредлива содржина испишани по фасадите на зградите. Бојадисувањето и отстранувањето на графитите ќе продолжи и наредните дена на места каде пораките со недолични содржини најмногу се присутни, а тоа е во населбите Карпош 1, 2, 3 и 4, Тафталиџе 1 и 2, како и во околината на урбаната заедница „Владо Тасевски“.

Од општина Карпош апелираат до сите граѓани да не ја користат креативноста за испишување графити со недолична содржина која може да поттикне верска или меѓуетничка нетрпеливост и која може да ја наруши урбаната култура.