Македонија
8. May 2017 - 19:24

Акција „Садница плус“ на учениците во општина Гази Баба

Учениците од основните училишта од општина Гази Баба денеска масовно се вклучија во акцијата „Садница плус“.

Како што соопшти Општина Гази Баба, на еколошките активности во своите училишта оваа година учениците засадиле семки од јавор и ела, а во текот на целата година се грижат за садниците во училишните дворови кои ги засадиле во изминатите години.