Акција на МВР: Откриени 60 неисправни возила со кои се врши јавен превоз
Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на оперативната акција „Дозвола“ спроведе зајакната акциска контрола на територија на цела држава на возила со кои се врши јавен превоз на патници.
– Контролирани се 576 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз, а неисправност е утврдена кај 60 возила. Од нив 21 на територија на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Штип, девет на територија на СВР Струмица, осум на територија на СВР Скопје… Од овие 60 возила, кај 42 е утврден неисправен уред за запирање, кај пет неисправен уред за управување… Возилата се исклучени од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
Од страна на инспектори на Државен инспекторат за патен сообраќај и инспектори од единиците на локална самоуправа, кои исто така учествуваа во акциската контрола, преземени се 18 мерки поради вршење на јавен превоз без лиценца.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, рече Ангеловски.
Ново на Сител
-
Курти: Проблемите на Балканот доаѓаат од Белград и неговата поврзаност со Русија
-
Осомничените за измама при купување парцели за изградба на фотонапонски волтаици на распит во Кривичен
-
Oд јули повисоки сметки за струја до 10 проценти, најави Бислимоски
-
Патријарх Кирил за СПЦ и МПЦ-ОА: Долгата поделба конечно е исцелена
-
Извештајот на ДЗР е уште една потврда за успешно и транспарентно работење, велат од Собранието
-
Изгоре половина куќа во Скопје, нема повредени лица
-
Кичевец подигнал околу 126.000 денари од туѓа платежна картичка
-
Со сила го внеле во „мерцедес“ и му се заканувале поради наводен долг