Loading Video...
Фудбал
13. September 2019 - 18:12

Академија Пандев преку Ренова до четвртата победа во ПМФЛ

Попладнево во Струмица  се одигра првата средба од 5.коло во Прволигашката конкуренција во која екипата на Академија Пандев со 2-0 ја победи Ренова 
 
Србинот, Марко Рајковиќ му донесе водство на својот тим во 32-та минута, а Марио Крстовски во 88-та беше стрелец на вториот гол на мечот, со што струмичани ги потврдија новите три бода на своето конто. 
 
За „пандевци“ ова беше четвртата победа со која и по ова коло ќе останат на челната позиција на табелата без разлика од резултатите од останатите средби кои ќе се играат утре (сабота) во терминот од 15:30 часот. 
 
Двојките за утре се: 
Шкендија – Работнички , 
Вардар – Струга ТЉ, 
Шкупи – Силекс 
Македонија ЃП – Борец.