Ајнхорст: ЕУ има најголемо влијание на Балканот
Директорката за Западен Балкан во Европската служба за надворешни рабори, Ангелина Ајнхорст смета дека и покрај врските и интересите кои ги имаат други земји на Балканот, ЕУ има најголемо влијани во регионот.
- Гледајќи низ ЕУ перспектива, Унијата има најголемо влијание на Балканот, најдобри механизми, најдобра политика и најдобри начини да оствари конкретни резултати, истакна Ајнхорст на конференцијата посветена на проширувањето на ЕУ со Западен Балкан, организирана во Центарот за проучување на европската политика (ЦЕПС) во Брисел.
Таа констатира дека Русија има традиционално „вековни врски“ и интереси за регионот на Западен Балкан, како што има и Турција и некои други земји.
- Ние не сме таму бидејќи сметаме дека некој друг ќе дојде и ќе ја расипе чорбата, туку затоа што мислиме дека е важно за луѓето кои живеат во регионот и за ЕУ заедно да работат за мир и просперитет, заклучи Ајнхорст.
Брисел неколку пати во последните години укажуваше на „мешање“ на надворешни играчи, на прво место Русија, во ситуацијата на Западен Балкан, но и пошироко во регионот на Југоисточна Европа, па и цела ЕУ.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот