Свет
30. јуни 2016 - 15:33

Ајфелова кула во боите на турското знаме

Ајфеловата кула денеска ќе биде осветлена во боите на турското знаме, црвено и бело, во чест на жртвите од терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул.

- Со овој симболички гест сакаме да ја истакне цврстата поддршка на градот Париз за жртвите, за нивните семејства и целиот турски народ, истакна првиот заменик-градоначалник Бруно Жилијар.

По нападите во Истанбул, при што загинаа 42 луѓе, градоначалничката на Париз, Ан Идалго изјави дека терористичкиот атак, како и сите претходни, со убивање на недолжни животи е насочен против човештвото.