Ајфелова кула ќе добие стаклен заштитен ѕид
Ајфеловата кула во Париз ќе биде обезбедена со стаклен заштитен ѕид, кој ќе се гради според плановите на австрискиот архитект Дитмар Фајхтингер.
Изградбата треба да започне денеска, а ќе трае половина година. Ѕидот ќе биде висок 2,5 метри, а покрај него се планирани бетонски столбови кои треба да спречат терористички напади со камиони.
Фајхтингер истакна дека ќе се обидат оградувањето на Ајфеловата кула да биде колку е можно подискретно.
- Избравме високо квалитетно, за куршуми непробојно стакло, со дебелина од 70 милиметри, со цел да се остави отворен погледот, објасни австрискиот архитект.
Трошоците за изградбата на ѕидот ќе изнесуваат 20 милиони евра и тие треба да бидат финансирани со зголемување на цената на билетот за влез на Ајфеловата кула, која годишно ја посетуваат околу шест милиони луѓе.
Ново на Сител
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги