Спорт плус
10. October 2016 - 17:50

Ајановски го освои 10.место на маратонот во Загреб

Македонскиот маратонец Кокан Ајановски го освои десетото место на Загребскиот маратон што вчера се трчаше по улиците на главниот град на Хрватска. Тој постигна време од 2:43.32 часа, што е најдобар македонски резултат на маратонска патека за 2016 година. Инаку, ова за Ајановски е негов втор маратон, а првиот го имаше истрчано во 2009 година во Белград.

Инаку, во изедначен финиш победи Кипкорир Бивот од Кенија со време 2:14.17 часа, пред двајцата маратонци од Етиопија Шуние (2:14.23) и Волдегијоргис (2:14.43).

На овој Загребски маратон учествуваа околу 20-тина маратонци и полумаратонци од Македонија.