Свет
20. July 2017 - 11:59

АИ: Членови на „Боко Харам“ биле брутално мачени во Камерун

Камерунските безбедносни сили „брутално мачеле“ осомничени припадници на екстремистичката група „Боко Харам“, соопшти денеска организација Амнести интеренешенел.

Во извештајот на АИ се наведува дека осомничените, вклучувајќи и жени и деца, биле претепани, а мачени биле  и со методот на симулирано давење, како и со други техники.

Овие случаи биле регистрирани меѓу 2013 и 2017 година, а во нив досега починале десетици притворени екстремисти, пренесе Би-Би-Си.

Владата на Камерун не ги коментараше овие наводи.

„Боко Харам“, чие упориште се наоѓа во соседна Нигерија, во бројните напади во Камерун од 2014 година досега убила повеќе од 1.500 цивили и грабнала многу други.