АХВ: Стафилокока најдена во макароните, кај куварот, послужувачот на храната и работните површини
Стафилокока ауреус во макароните, кај куварот и кај лицето што ја послужувало вечерата, е причина за минатонеделното труење на вработените, вкупно 120, во фабриката Леар.
Ова го потврди денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) откако ги доби резултатите од извршените лабораториски испитувања на земените мостри од храна и брисевите од работните површини од кујната на објектот каде се подготвувала храната за потребите на фабриката од Тетово и од мензата каде истата се послужувала.
Според АХВ, поднесена е прекршочна пријава против операторот со храна, а најверојатно ќе биде поднесена и кривична пријава.
- Со испитувањата е утврдено присуство на бактеријата и во дел од брисевите земени од работните површини во кујната каде храната се подготвувала. Објектите за подготовка и за послужување на храната (кујната и мензата) се затворени, инспекциските служби наредиле мерки за отстранување на констатираните недоследности со вонредната контрола која ја спроведоа тимови на АХВ, санитарната инспекција и Центарот за јавно здравје во присуство на јавен обвинител, информира АХВ.
Објектите за подготовка и за послужување на храна ќе бидат повторно отворени по спроведувањето на наредените мерки и по извршените повторни лабораториски испитувања на земени мостри од брисевите од работните површини, со кои ќе се потврди безбедноста.
- Операторот со храна задолжително ќе мора да се регистрира, бидејќи со контролите е констатирано дека ниту тој, ниту мензата каде храната се послужувала не се евидентирани во Агенцијата за храна и ветеринарство, а лицата кои ќе бидат ангажирани во подготовката и послужувањето на храна ќе мора да бидат здрави, да имаат валидни здравствени книшки и помината обука за работа со храна. Задолжителна мерка која ќе мора да се спроведе пред да се почне со работа во кујната и мензата е и вршењето дезинсекција, дератизација и дезинфекција, посочува АХВ во соопштението.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење