Бизнис
13. February 2019 - 19:57

АХВ: На македонскиот пазар нема турски мандарини полни со пестициди

На пазарот во Македонија не се присутни небезбедни мандарини од Турција, тврдат од Агенцијата за храна. Од таму велат дека инспекциските служби вршат редовни контрли на сите пратки со цитрусно овошје кое се увезува во змејава  вклучително и на оние со мандарини од  Турција. Република Српска пак забрани увоз на мандарини од Турција поради присуство на пестициди.

Пратки со посоченото овошје од Турција во земјава лабараториски се тестирани во месец декември лани, а во фаза на лабараториско тестирање се и мострите  кои инспекторите за храна на агецнијата ги земаат овој месец. Во испитаните мостри во декември не се утврдени отстапувања во поглед на безбедносните критериуми за цитрусно овошје.

Фитосанитарната инспекција на Република Српска забрани увоз на 5.400 килограми мандарини од Турција поради зголемено присуство на пестицидот фенвалерад, над пропишаното количество во правилникот за максимално ниво на остатоци од пестициди во храната.  Пратката била  веднаш уништена

Во Македонија минатата година биле увезени повеќе од 8, 6 милиони килограни мандарини. Најголеме дел од Турција и Грција.