Ахмети: Владеењето на правото, ветингот и економијата во фокусот на следниот мандат на ДУИ
ДУИ во новиот мандат ќе се ангажира за владеење на правото, ќе се залага за ветинг на институциите, почнувајќи од обвинителството, судството, општините. Секако еден од главните приоритети е и економијата за да обезбедиме подобри услови за работа за сите претприемачи што се заинтересирани да инвестираат. Ние првично обезбедуваме безбедност за нивниот капитал, истовремено и подобрување на бирократијата што се донесува се со цел тие полесно да водат бизнис во нашата држава, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети при посетата на индустриската зона во Визбегово.
Тој одговарајќи на новинарско прашање вели дека не стравува од евентуална коалиција на БЕСА и Алијанската за Албанците.
-Истото прашање секоја година ми го поставувате. Немам никаква параноја што се однесува до нивната коалиција, рече Ахмети.
Во врска со тоа дали на овие избори ќе се почитува принципот победник со победник за формирање на Влада тој вели дека неколкупати зборувал за тоа во 2016 година, кога ситуацијата била специфична.
-Неколку пати сум го објаснил тоа. Не сакам да се повтори 2016 година, специфична ситуација, вонредна ситуација во тој момент на државата. Не би сакал никогаш да се повтори таа ситуација. ДУИ на овие избори ќе оди самостојно со своја политичка програма, рече Ахмети.
Прашан дали на кандидатските листи за претстојните избори ќе се најдат веќе искусни пратеници, Ахмети вели дека ќе се направат истражувања и анализи во рамки на партијата и оти ќе предложат кандидати кои ќе бидат прифатливи за нивните гласачи, но и за сите граѓани.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација