Македонија
30. December 2016 - 19:49

Ахмети: Се уште не се почнати преговорите за нова Влада

Еди Рама ги собрал лидерите на албанските партии од Македонија за да ги утврдат деталите со кои тие ќе настап во преговорите за формирање на влада. Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска потврди дека документот кои ќе биде освоен од политичките партии на албанците кои добија свое место во собранието ќе ги содржи потребите на Албанците во Македонија На средбата во Тирана со Рама вчера покрај Ахмети разговарале и првите луѓе на Беса, и Алијансата на Албанците. Ахмети вели дека документот не е ниту црвени линии ниту услови туку според него се работи за  основни начела и реални потреби на Албанците во Македонија. Во него биле содржани барања за јазична и економска еднаквост, реформи во судството, расветлување на одредени случаи, како и членство на земјата во ЕУ и НАТО и работата на СЈО. Лидерот на ДУИ очекува и ДПА да се вклучи во договорт кој ги штити интересите на сите албанци.

-  Албанија, ниту Косово не се тие кои ја изготвуваат политиката за Албанците во Македонија и тие имаат свои цели и своја програма, но секоја помош со истомислениците е добредојдена, како и од меѓународната заедница, вели Ахмети.

Лидерот на ДУИ во изјавата пред конституирањето на собранието тврди дека преговорите за фомирање на владечако мнозинство ќе започнат тогаш кога претседателот Иванов ќе го предаде мандатот.

Во изјавата дадена пред изборите во 2008ма година лидерот на ДУИ бараше коалиција на победникот од албанскиот блок со победникот од македонскиот политички блок како единствен начин за зачувување на политичката стабилност. Во интервјуто за РСЕ на 04.05.2008 тој вели:

- Јас очекувам многу нешта да се сменат и да не се повтори тоа што се случи во 2006. Очекувам сега да имаме еден коректен и праведен однос во правец на почитување на вољата на мнозинството граѓани Албанци во Македонија, и таа волја да се одрази во претставување на интересите на Албанците при градењето на новите коалиции. Јас не прејудицирам кој ќе победи, но праведно би било волјата на мнозинството на заедницата секако да се почитува зашто само на ваков начин ние ќе градиме одржлива политичка стабилност и нема да ни се повтори она што ни се случи во изминативе 18 месеци во Собранието на Македонија. Ако ни се случи 2006 уште еднаш, тогаш престанува смислата зошто кај Албанците да постојат две или три политички партии, или зошто тогаш Албанците да гласаат? Јас сум повеќе од сигурен дека тоа што и се случи на Македонија во 2006 година нема да се повтори во иднина, рече во 2008 година Ахмети.

Ваквиот став беше пренесен и од шефот на неговиот кабинет.

Иако со намален број на пратенички мандати ДУИ сепак останува партијата од албанскиот блок со најголем број на пратеници во собранието и очигледно ќе го има најзначајниот удел во формирањето на идната влада. Следејки ги претходните политики на Али Ахмети и ставовите за пост изборни коалицирања, се очекува изборот за составот на новата македонска влада да го направат токму ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ.