Македонија
29. December 2015 - 16:43

Ахмети: Изборите ќе се одржат на 24 април 2016 !

Нема одложување на изборите, тие мора да се спроведат. 24 април е датум кој е определн со консезус и сите политички партии треба да се држат до договорот од Пржино. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во совето годишно обраќање му порача на своето членство, да се подготви  за избори,мирни , демократски, онакви како што порачува меѓународната заедница.

За ДУИ, случајот со фалсификуваните лични карти е сериозен и загрижувачки. Ахмети побара одговорност , вели секој фалсификат може да ја дестабелизира земјата.

Ахемти смета дека договорот од Пржно е речиси спроведен и верува во негова целосна реализација. По изборите земјава треба да се наосчи кон членството во НАТО И ЕУ, внатрешната криза не треба да ги блокира државните интереси.Во албанскиот блок не треба да постојат повеќе од две партии, вели Ахмети. Тој повика на единство, одржување на фер и демократски избори кои ќе обезбедат, мир, стабилност и безбедност на државата.