Фудбал
2. November 2017 - 8:54

Агуеро најдобар стрелец во историјата на Манчестер Сити

 Серхио Агуеро се запиша во историјата на Манчестер Сити како фудбалер со најмногу голови за англискиот клуб.
Аргентинецот во победата против Наполи (4:2) синоќа во Неапол во 69.минута го постигна третиот погодок за својот клуб и стигна до својот 178. погодок во дресот на „Граѓаните“.
 
- Среќен сум поради ова достигнување, кое секако е по голема заслуга и на моите соиграчи, изјави Аргентинецот по мечот со Наполи.
Честитки за соборување на клупскиот рекорд стигнаа и од менаџерот Пеп Гвардиола.
 
- Агуеро сега е дел од историјата на Манчестер Сити. Тој е легенда на клубот. Привилегија е да се има таков играч во тимот, истакна предводникот на премиерлигашот.
 
Манчестер Сити со триумфот над Наполи обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.