-->
-->
Агаси е новиот тренер на Ѓоковиќ
-->
Поранешниот број 1 на светскиот тенис, Андре Агаси, ќе биде новиот тренер на Новак Ѓоковиќ, тврди „Дејли телеграф“.
Србинот пред неколку дена ја раскина соработката со комплетниот стручен штаб, а потоа најави дека новиот тренер ќе биде „големо име“. Британскиот „Дејли телеграф“ тврди дека во прашање е легендата на тенисот Андре Агаси.
Со оглед на тоа каков е неговиот карактер и дека има бурно минато, освојувачот на осум Гренд слем титули совршено се вклопува во желбите на српскиот тенисер.
Според истиот извор, улогата на Агаси ќе биде ограничена и тој нема да се појавува на сите турнири на кои ќе настапува српскиот тенисер туку тој, најверојатно, ќе ангажира уште еден тренер.
Пред неколку месеци некои медиуми шпекулираа дека Агаси ќе биде новиот тренер на Ник Кирјос, но Американецот експресно ги демантираше таквите шпекулации.
Се очекува името на новиот тренер Ѓоковиќ да го објави пред почетокот на вториот Гренд слем во сезоната, Ролан Гарос.
Инаку, Ѓоковиќ денеска ја започнува одбраната на титулата на Мастерсот во Мадрид, а негов противник во второто коло ќе биде домашниот тенисер Николас Алмагро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата
-
Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените