Балкан
4. January 2020 - 9:03

Африканската чума повторно напаѓа: 24.000 свињи заболени на фарма во Бугарија, одат под нож

Бугарските ветеринарни служби денеска соопштија дека ќе заколат 24.000 свињи откако на една фарма на североистокот на земјата е откриена епидемија на вирусот на африканска свинска чума.

Агенцијата за беабедност на храната соопшти дека епидемија е откриена на фарма во Шуменската област.

Станува збор за прва епидемија на една индустриска фарма од август минатата година, кога вирусот зафати шест фарми во Бугарија, што ги примора властите да заколат повеќе од 130.000 свињи, потсетува Ројтерс.