Балкан
3. May 2016 - 8:50

Аеродромот во Приштина од синоќа е времено затворен

Аеродромот во Приштина од синоќа е времено затворен откако авион на турската компанија „Туркиш Ерлајнс“ ја промаши пистата при слетување по дождливото време.

Портпаролката на приштинскиот аеродром Валентина Гара изјави дека во авионот, кој полетал од Истанбул, се наоѓале 143 патници и осум членови на екипажот, но никој не е повреден. 

Таа додаде дека аеродромот ќе биде затворен се додека не се изврши техничка контрола со цел да се утврди причината за овој мал инцидент. Засега се откажани три летови.