АЕК на тендер ќе избира давател на универзална услуга
Агенцијата за електронски медиуми од денеска до 12-ти следниот месец организира јавна расправа за намерата за распишување нов јавен тендер за избор на еден или повеќе даватели на универзална услуга.
Како што информираат од АЕК, по 30 дневната јавна расправа сите релевантни забелешки, коментари и предлози ќе бидат земени предвид во подготовка на тендер за избор на еден или повеќе даватели на универзална услуга.
Од АЕК истакнуваат дека прв пат со јавен тендер ќе определат еден давател на широкопојасен интернет како дел од универзалната услуга, кој ќе има и обврска да обезбеди поврзување на краен корисник на фиксна локација со јавна комуникациска мрежа.
На тој начин, укажуваат од АЕК, ќе биде обезбеден пристап до интернет по прифатливи цени за сите домаќинства кои досега немаа можност да се поврзат на интернет со некоја од достапните технологии.
Давателот на универзалната услуга ќе треба да обезбеди и целосен телефонски именик за претплатниците во Македонија и целосна телефонска служба за информации, како и јавни телефонски говорници или други јавни пристапни точки за обезбедување на говорни телефонски услуги.
Со универзалната услуга се обезбедуваат и услови за еднаков пристап и употреба на јавните телефонски услуги од страна на крајните корисници со посебни потреби, вклучувајќи и пристап до броеви на служби за итни повици, достапност на податоците од телефонскиот именик за сите претплатници во РМ , како и на другите крајни корисници.
На постојните два даватела на услуги договорите им истекуваат во декември годинава, односно март следната година.
Резултати од давањето на сите видови услуги кои досега беа опфатени со универзалната услуга во државава АЕК ќе презентира утре.
Ново на Сител
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти
-
Голема полициска акција: Уапсени над 20 лица за криминал тежок 6,5 милиони евра
-
ДУИ со една реченица ја поздрави одлуката на Стејт Департментот, не запираат рекациите
-
Објавени документи пред утрешната одлука на Уставниот суд за јазиците
-
Протест во Скопје за спас од загадениот воздух
-
Предлог буџетот за следната година на пленарна седница