Македонија
30. October 2018 - 19:53

Адвоктите го обвинуваат судот дека ја одолговлекува постапката за доставување на жалбата на Груевски до Врховен

Одбраната на поранешниот Премиер Никола Груевски  обвинува за нови нечесни игри против него, од страна на судот. Според адвокатите на Груевски, во неговиот случај се прекршува стандардната процедура при поднесување на барање за преиспитување на правосилната пресуда.   

Тие појаснуваат дека секогаш кога се доставува жалба до Врховниот суд на Република Македонија, која процедурално се предава во Основниот суд, судијата кој го водел предметот истиот предмет во Основниот суд веднаш или најдоцна следниот ден откако го добил го препраќа до Апелациониот суд, кој исто така веднаш или најдоцна следниот ден го препраќа до Врховниот суд, кој пак по прибирање мислење за жалбата од обвинителот носи одлука.

Од одбраната на Груевски велат дека иако жалбата ја имаат поднесено во среда, 24-ти октомври рано утрото, таа сеуште стои кај судијката надлежна за овој случај. Ова го утврдиле адвокатите кои секој ден проверуваат дали жалбата е проследена кон повисокиот суд.

Одбраната вели дека постои загриженост случајно да не се дојде до ситуација пред Груевски да биде внесен во затвор, Врховниот суд да донесе одлука за запирање на извршувањето на санкцијата додека не се донесе конечна одлука од страна на највисокиот суд во нашата земја.