АДСДП: Головите беа регуларни, во интерес на натпреварот по реакцијата на Мурињо ги сменивме
„Пред почетокот на овој натпревар, исто како и пред сите меѓународни натпревари делегат на УЕФА и судиите извршија проверка на целокупниот терен. По детално извршената проверка, од нивна страна беше потврдено дека се задоволени условите за одржување на натпреварот. Димензиите на рамките на головите беа во рамки на УЕФА правилата, односно делегатот на УЕФА и судиите констатираа дека се во рамки на дозволеното отстапување. По реакцијата на тренерот на Тотнем, во интерес на натпреварот , висината на двата гола веднаш беше минимално корегирана. На официјалната интернет страница на екипата на Тотенхем не само што немаше какви било забелешки за условите за игра, туку сите објави беа во насока на пофалби за одличната организација на натпреварот и условите за игра . Во изминатите 20 дена на Националната Арена „Тодор Проески’’ беа одиграни 5 меѓународни натпревари и сите ги поминаа ригорозните инспекциски контроли на УЕФА. АДСДП смета дека ваквите написи, без дополнителна проверка на фактите се единствено на штета на спортот и спортските работници во државата, како и на максималните напори кои ги вложува раководството на АДСДП во одржувањето на Националната Арена „Тодор Проески’’ според сите светски стандарди“, соопштија од АДСДП.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто