Македонија
29. September 2020 - 21:12

Администрацијата од први октомври со изменето работно време

Владата донесе одлука на денешната седница за работното време на сите вработени во државната администрација.

Повеќе нема флексибилно работно време за административните работници. Се укинува работното време од 7.30 до 15.30 и од 8.30 до 15.30. 

Од први октомври за сите вработени во администрација ќе важи работното време од 8 до 16 часот.