Македонија
5. October 2019 - 9:53

Адеми на манифестацијата „Градиме мостови“

 Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска ќе учествува на традиционалната манифестација „Градиме мостови“ што ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје.

„Градиме мостови“ е заеднички проект на Министерството за образование и наука, Амбасадата на Кралството Холандија, владите на Швајцарија и на Ирска и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а негова цел е да ги зголеми интеракцијата, разбирањето и интеграцијата во училишната средина.