Адеми: Кратењето на ИПА фодновите не се санкции

Не се работи за санкции, ниту за суспензија иако овие инструменти постојат во рацете на Европската комисија, но никој не може да предвиди дали и кога ќе бидат употребени. Тоа што можеме да кажеме од технички аспект е дека термините санкција и суспензија не се соодветни во овој момент, рече денеска вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми во врска со кратењето на ИПА фондовите.
- Јас ја споделувам информацијата со вас во својство на заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања истовремено и национален ИПА координатор дека имаме официјална информација од Брисел оти има кратење на ИПА фондовите, но и понатаму остануваме и вложуваме напори сите тие средства кои се доделени за Македонија и кои ни стојат на располагање, да ги искористиме. Во оваа прилика упатувам барање до политичките чинители, особено до оние кои партиципираат во политичкиот дијалог, на сериозен и конструтивен начин да пристапат во изнаоѓање на политичко решение кое е сеопфатно и одржливо и во согласност со очекувањата на граѓаните и со очекувањата на нашите меѓународни партнери, истакна Адеми, одговорајќи на новинарско прашање на завршниот настан на проектот „Зајакнување на капацитетите за имплементација на законодавството за животна средина на локално ниво”.
Порача дека продолжувањето на политичкиот дијалог за изнаоѓање решение за политичката криза, како и агресивната имплементација на итните реформски приоритети, е одговорност на сите општествени актери и секое одолговлекување и несериозен и неконструктивен пристап ќе има последици врз иднината на Македонија и на граѓаните.
- Можам да кажам дека цврсто настојуваме во нашите напори за членство на земјата во ЕУ. Тоа ни е стратешка цел, многу важна и ќе вршиме максимални напори таа да биде реализирана, додаде Адеми.
Ново на Сител
-

Путин: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
-

Сали од Брисел: Силна посветеност за унапредување на македонската евроинтеграција и спроведување на клучните реформи
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
