Адеми: Јавно ќе бидат преиспитани апликациите за кои има сомнеж, како и одбиените
Сите проекти и апликации за кои има трошка сомнеж ќе бидат отворени пред јавноста и сите апликанти кои се одбиени пак ќе се анализираат. Тоа го побарав од Комисијата и уште утре од 10 часот ќе почнат со работа, изјави министерот за култура Асаф Адеми по реакциите за резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата.
Адеми рече дека одлуката за проектите била врз основа на предлозите на работните комисии составени од професионалци кои месец и половина ги разгледувале апликациите, а се врз основа на критериумите од конкурсот што беше објавен во септември лани.
– Јас одлучувам онака како што ми наложува Законот за култура, не сум го измислил начинот на одлучување, ниту пак начинот како ќе бидат финансирани апликациите, наведе Адеми.
Ново на Сител
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати