АД ЕСМ: Термоелектраните во Битола и Осломеј со 40 проценти зголемено производство
РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ произведоа за приближно 40 проценти повеќе електрична енергија во првите седум месеци од годинава во споредба со истиот период лани. Од јануари до јули годинава термоелектраните произведоа 1559 гигават часови електрична енергија, а во истиот период лани 1126, информираа денеска од АД „Електрани на Северна Македонија“.
Според нив, зголеменото производство се должи на зголемениот ископ на јаглен во сопствените рудници, набавката на јаглен за дополнително производство и подготвеноста и техничкото одржување на блоковите.
Во истиот период, наведуваат од ЕСМ, постигнато е да се намали потрошувачката на вода, односно производството на електрична енергија од хидроелектраните е намалено за 25 проценти и нивото на акумулациите се држи на оптимална кота, со цел заштеда на хидропотенцијалот за следниот период, кога во текот на грејната сезона се очекува пораст на побарувачката и на потрошувачката на електрична енергија.
АД ЕСМ во сопштението ги поздравува владините мерки и препораки за штедење на електрична енергија, и смета дека тие ќе придонесат да се намали притисокот врз производните капацитети и да се растовари електро-енергетскиот систем во услови на високи цени на енергенсите и отежнато снабдување на пазарот со енергенси.
Владата вчера донесе мерките што треба да овозможат заштеда на струја до 15 отсто, а ќе стапат во сила од 1. следниот месец. За домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација