Џет-Сет
18. August 2017 - 19:15

Аца Лукас конечно прозборе: Во животот направив грешка само со една жена, и тоа не е Соња

„Соња и јас се сложивме дека нема помирување, никој од нас не е лут едниот на другиот. Јас патам секако, а дали и таа, тоа не знам да ви кажам“, вели Аца Лукас во интервју за српски Блиц за кое вели дека му е последното во кое говори за својата приватност.

Вели дека направил животна грешка со девојката која ја имаше по Соња, Бранислава.

-Направив животна грешка со тоа што бев со таа девојка, со Бранислава. Секој човек понекогаш е слаб. Можеби поради бес, суета, малку од се… влијаеше да направам таква глупост. Не затоа што ја уништив можноста да се смирам со Соња. Не, и тогаш знаев дека од тој брак не остана ништо. Но, тоа со Бранислава е грешка која никогаш нема да си ја простам, не поради некој друг, туку поради себе, вели тој.

Аца вели дека повеќе нема да зборува за приватниот живот.