Абазовиќ: Однесувањето на Србија кон Црна Гора е неприфатливо
Потпретседателот на црногорската Влада, Дритан Абазовиќ изјави дека не е задоволен од начинот на кој Србија се однесува кон неговата земја и оцени дека е време да се ресетираат односите меѓу Подгорица и Белград.
– Не сум задоволен од изјавите дадени од српски официјални претставници кон Црна Гора, тоа не придонесува за намалување на тензиите, истакна Абазовиќ на прес-конференција во Сараево, каде што престојуваше во официјална посета.
Специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Метју Палмер претходно оваа недела рече дека Вашингтон има докази за надворешно мешање во внатрешните работи на Црна Гора, што укажува на тоа дека станува збор пред се за Србија и Русија.
Коментирајќи ја изјавата, Абазовиќ потврди дека тој лично разговарал за тоа со Палмер и дека тоа се политички проценки кои имаат основа.
– Влијанието на другите држави во регионот не може никој да го игнорира во современиот глобализиран свет, додаде тој.
Директно запрашан дали Србија се меша во внатрешните работи на Црна Гора, Абазовиќ одговори дека односите меѓу двете земји се влошиле поради настаните во изминатиот месец и пол, колку што трае кризата на власта во неговата земја предизвикана од разни притисоци на просрпските партии.
– Не е добро тоа да продолжи, потенцира црногорскиот вицепремиер.
Ново на Сител
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили