Кошарка
2. February 2016 - 8:19

АБА: Урош Луковиќ повторно во ТОП 5 на колото

Играчот на МЗТ Скопје Аеродром Урош Луковиќ со 20 поени и 9 скокови собра 20 индекс поени и се најде на третото место во ТОП 5 на колото од АБА лигата. Пред него се Маик Цирбес од Ц.Звезда со 36 и Зак Рајт (Олимпија) со 32.

Зад У.Луковиќ се Анте Жижиќ (Цибона) 29 и Џејкоб Пулен (Цедевита) 28.
Урош Луковиќ по третпат се наоѓа меѓу ТОП 5 играчите на колото.