Кошарка
23. November 2015 - 21:04

АБА лига: Нов пораз за МЗТ Скопје

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје ја продолжи серијата порази во АБА лигата откако вечерва загуби на  домашен терен од Задар со 72:60 (08:21; 27:07; 17:18 и 20:14). Ова за нашиот првак е вкупно седми пораз (четири во серија) на досега одиграните 11 натпревари.
Избраниците на тренерот Алеш Пипан добро го почнаа натпреварот и по 4:4 направија серија од 15:0 за водство од 19:4. Сепак добрата игра на „металците“ траеше само во првата четвртина и гостите од Задар вториот период го добија со 20 разлика и на поувремето имаа предност 35:28.
Во финишот на третиот период МЗТ Скопје поведе во неколку наварти, но сепак гостите имаа контрола над резултатот и натпреварот го завршија со двоцифрена разлика.
 
Кај МЗТ Скопје најефикасни беа Ѓорѓе Дреновац и Дамјан Стојановски со по 15 поени, најпрецизен на дуелот беше Коузи со 19 поени.
 
На вториот натпревар одигран денеска Цедевита победи на гостувањето кај Металац со 81:79.Вечерва од 21 часот се игра последниот натпревар од 11.коло меѓу Сутјеска и Црвена Звезда.
Табела: Будуќност 9-2 (победи-порази), Цедевита 8-3, Мега Лекс 8-3, Црвена Звзезда 7-3, Задар 6-5, Крка 6-5, Игокеа 5-6, Олимпија 4-7, МЗТ Скопје 4-7, Цибона 4-7, Партизан 4-7, Тајфун 4-7, Металац 4-7, Сутјеска 3-7.