АБА лига: Карпош Соколи најавува победа над Игокеа

Македонскиот претставник во АБА лигата тимот на Карпош Соколи по стартниот пораз во ова натпреварување на гостувањето кај Крка во Ново Место, утре во „ВИП Арената“ на СЦ „Борис Трајковски“ ќе го игра првиот домашен натпревар против Игокеа.
За одиграниот дуел во Словенија и за новиот ривал тренерот Синиша Матиќ на денешната прес-конференција го искажа своето мислење.
- Тоа што го одиграме во Ново Место не беше нивото на екипата. Доцна се комплетиравме, а малку како и да бевме импресионирани од настапот во АБА лигата. Игокеа е сличен ривал со нас, а имаат и пораз на домашниот натпревар. За нас е важен секој тренинг и секој играч е важен за тимот. Екипата има што да покаже во оваа лига, наша основна цел е да обезбедиме опстанок во лигата. Десет победи ќе значат сигурен опстанок, дека со исклучок на Црвена Звезда, Цедевита, Будуќност и Партизан сите екипи се со сличен квалитет, рече Матиќ.
Исто така самиот настап во Ново Место покажа дека оваа лига има судење и регуларни услови за игра на врвно ниво, додаде тренерот на „соколи“
На освојување на првите бодови се надева и Дарко Соколов.
- Со Крка имавме лош почеток и игравме конфузно во напад и во одбрана. Се надевам дека со Игокеа ќе одиграме по концентрирано и дека дома ќе ја постигнеме првата победа, имаме силен ривал, нагласи Соколов.
Почетокот на утрешниот натпревар Карпош Соколи – Игокеа е во 20 часот.
Ново на Сител
-

Русија ја нападна Украина со дронови и проектили
-

Речиси 80 отсто од жителите на Еврозоната сметаат дека еврото е добро за ЕУ
-

Променливо облачно со сончеви периоди, од утре потопло
-

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај
-

Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа
-

Мицкоски за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства од некој нов трговец од Горни Милановац или хирург од Дубаи
-

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
-

Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
