Кошарка
27. December 2015 - 17:18

АБА лига: Ц.Звезда до нов триумф

Кошаркарите на Црвена Звезда остварија нова победа во АБА лигата откако попладнево на гостувањето во Цеље го совладаа словенчкиот тим Тајфун со 73:63 (20-21; 19-14; 18-14; 16-14). Ова за шампионот Ц.Звезда беше 13.та победа сезонава, а со слабата прва четвртина „црвено- белите“ со играта во одбрана кога примаа по 14 поени во следните три четвртини дојдоа до посакуваната победа. Братоз кај Тајфун со 16 поени беше најефикасен, а Јовиќ кај Ц.З. постигна 14, додека Штимац беше на чекор до „дабл-дабл“ 9 поени и 9 скокови.

Во тек е дуелот Партизан - Игокеа.
 

Резултати на првите две средби од 17.коло во АБА лигата:

Металац – Сутјеска 84:78 и

Цедевита – Крка 70:60.

Двојките за утре се:

МЗТ Скопје – Мега и

Задар – Будуќност.

Последниот натпревар за 2015 година во АБА лигата е закажан во среда играат: Олимпија и Цибона.

 

Табела: Будуќност 14-2 (победи-порази), Цедевита 14-3, Црвена звезда 13-4, Мега Лекс 10-6, Крка 8-9, МЗТ Скопје 7-9, Задар 7-9, Металац 7-10, Тајфун 7-10,  Олимпија 6-10, Партизан 6-10, Цибона 6-10, Игокеа 5-11, Сутјеска 5-12