Кошарка
30. December 2016 - 23:01

АБА: Карпош Соколи „запиша“ нова домашна победа

Кошаркарите на Карпош Соколи ја постигнаа петтата победа во АБА лигата (сите на домашен терен) откако ноќеска беа подобри од Морнар со 75:63 (24:11; 13:18; 23:16; 15:18).
Најзаслужни за победата на „соколи“ беа: Лабовиќ, Мавра кои постигнаа по 18 поени, а Пери реализираше 17.

На другите два дуела од 16.коло одиграни денеска: Будуќност - Мега 88:80 и Цибона - Партизан 77:82.
На 2.јануари играат: МЗТ Скопје - Цедевита, Ц.Звезда - Задар, Олимпија - Игокеа, додека колото ќе биде комплетирано на 3.јануари со дуелот: ФМП - Крка.
Табела: Ц.Звезда 15-0 (победи-порази), Партизан 13-3, Будуќност 11-5, Цибона 10-6, Цедевита 10-5, Игокеа 8-7, Олимпија 7-8, Морнар 5-11, Мега 5-11, Карпош Соколи 5-11, Задар 6-9, Крка 5-10, ФМП 4-11, МЗТ Скопје А. 4-11.