Кошарка
12. March 2018 - 12:22

АБА: Формирани полуфиналните двојки

Заврши регуларниот дел во Јадранската лига по што се формирани полуфиналните двојки за завршниот фајнал фор каде, интересно, се пласираа две екипи од Црна Гора. Ќе се сретнат Црвена звезда – Морнар, односно Будуќност – Цедевита.

Очекувано Црвена звезда и сезонава е голем фаворит, а тоа особено важи за дуелот со Морнар, екипа што сезонава изненади многумина со своите одлични настапи. Што се однесува до пресметката помеѓу Будуќност и Цедевита, тука шансите се поделени и се прогнозира неизвесен дуел