ААА: Полицијата денеска го спречи правото на протест
Денес, кога беше предвидено да се одржи најавениот мирен протест против одлуката на монтираниот процес „Монструм“, полицијата на Оливер Спасовски се погрижил да го спречи овој протест и, дури, со таквото спречување, да провоцира несразмерни инциденти. Така, и покрај барањето на организаторот, семејството на казнетите во случајот „Монструм“, кои претходно го информирале Министерството за внатрешни работи за организирање на протестот, полицијата – со големо засилување со блиндирани возила и специјални единици – не им го допушти патот и така ги спречи протестантите да стигнат до нивната дестинација.
Како што знаеме, секаде во светот протестантите се тие кои го одредуваат местото на одржување на протест и во секоја демократска држава на светот тие, освен информирање на полицијата, немаат никаква друга обврска.
Затоа, за коалицијата Алијанса за Албанците & АлтернАтивА денешната сцена на скратување на правото за протест е уште еден доказ дека по падот на режимот Груевски-Ахмети, на повидок е новиот режим Заев-Ахмети. Исто како и бандите на Груевски некогаш, така и денес полицијата, на место да биде на страна на граѓаните, таа ги спречи граѓаните во нивното слободно изразување на јавно мислење и на правото за мирен протест. А оваа појава се именува само како диктатура. Ни помалку ни повеќе. За потсетување, вакви сцени денес може да гледаме само во Белорусија, Венецуела и Русија. А дали оваа зборува за нови сојузници на овој режим или пак ова е само вежбање врз грбот на Албанците, тоа треба да го објаснат тие кои ја користат полицијата на народот против народот.
Како и да е, пратениците на коалицијата Алијанса за Албанците & АлтернАтивА денес беа таму за подржување на протестот и без никаква друга претензија. Дури, како што можевме да видиме, тие помагаа во смирување на тензиите, останувајќи таму заедно со народот и со правото на народот.
Сепак ние сме убедени дека во Македонија сменети се само актерите, додека сценариото и сценаристите остануваат исти. Затоа, како што го уривавме режимот Груевски-Ахмети, ни преостанува да го урнеме и овој режим, бидејќи немаме друг спас од диктатурата.
Коалиција Алијанса за Албанците – Алтернатива
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп