АА: Го поздравуваме настојувањето на САД за поинтензивна борба против корупцијата
– Алијансата за Албанците го поздравуваат настојувањето на САД за интензивирање на борбата против корупцијата во Западен Балкан и особено во Република Северна Македонија.
– Денешната мисија ја покажува решеноста на американската администрација да ја отстрани оваа чума што го поткопува развојот на нашите држави и иднината на нашата младина во земјава. Вметнувањето на Груевски и Мијалков во американскиот список за санкции беше констатација за фактичката состојба на терен, бидејќи против нив има правосилни решенија за корупциски дела, велат од Алијансата за Албанците, коментирајќи ја изјавата на американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер дека тим за санкции од Вашингтон пристигна во земјава за да изврши поагресивен увид во поранешните и сегашните корумпирани актери, и да ги разгледа сите можни одговори.
Од Алијансата за Албанците очекуваат на списокот да се додадат и други корумпирани актери кои се уште се политички активни и недопирливи за правдата во државата бидејќи, како што велат, токму тие ги контролираат судиите и обвинителите.
– За почеток, новата листа логично треба да ги содржи имињата на политичарите инволвираните во случајот Маѓар Телеком против кои Комисијата на американската берза донесе полноправно кривично решение, посочуваат од Алијансата за Албанците.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција