Македонија
24. July 2021 - 10:14

91 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај

Синоќа (23/24.07.2021) во периодот од 21 од 03 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 91 возачи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.