Македонија
25. March 2017 - 16:37

9000 слободни работни места нема кој да ги пополни од 200.000 невработени

Близу 9.000 работни места се слободни, а над 200 илјади се невработени. Се бараат магационери, адвокати, економисти, продавачи, хемичари, електро-техничари. Дел од огласите со месеци се повторуваат.  Позициите не можат да се пополнат. Надлежните проблемот го лоцираа во тоа што од вкупниот број на регистрирани невработени 100 илјади се активни баратели на работа. Дополнително причина е и тоа што на пазарот нема кадар кои одговоара на потребите на фирмите, особено кога станува збор за странските инвеститори.

За намалување на невработеноста државата воведе мерки и поволности како помош за компаниите да вработуваат нов кадар, а невработените да се самовработат.

Со оперативнуиот план за вработување за годинава се очекува да бидат вработени 10илјади нови лица со што значително ќе се пополнат дел до слбодите места  кои се нудат на пазарот на трудот.

За дел од државните  мерки огласите се во тек. Надлежните апелираат невработени да аплицираат.

Минатата година стапката на невработеност  падна на рекордни 23 отсто.