Македонија
28. јуни 2020 - 16:57

9-мина починати и 176 новозаразени од Ковид-19, регистрирани 80 оздравени пацинети

Бројката на заразени со корона вирус во Македонија надмина 6000. Изминатото деноноќие починаа 9 пациенти, 7 лица се од Скопје, еден од Тетово и еден од Стуга на возраст од 56 до 84 години. 80 лица се евидентирани како оздравени, а потрведени се 176 ново инфицирани, односно од направени 870 теста дури 20,2 проценти од тестираните го имале вирусот.Најголем дел се од Скопје 61, Тетово 22, Струга 19, Штип и Охрид 14 нови случаи.

На Инфективна и во ГоБ 8 септември вчера и денес на болничко лекување примени се 12 пациенти со Ковид-19.

Во моментот во државата 393 лица се хоспитализирани.

Министерот Филипче најави дека кон крајот на следната недела ќе почне закажувањето преку Мој термин за дел од одложените интервенции на клиниките кои беа стопирани поради короната.

-За дел од интервенциите и клиниките веќе кон крајот на следната недела, а за останатите ќе почекаат, за  да видат, како се одвива интензитетот на дијагностицирање на нови пациенти, изјави Д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Во меѓувреме продолжува ротацијата на медицински кадар од останатите болници за помош на Клиниките и болниците кои се Ковид центри. 8 медицински сестри од Кичевската болница ќе помагаат на Инфективна.