9 лица исчезнаа во поплавите во Франција
Најмалку девет лица исчезнаа во поплавите денес откако на подрачјето околу Ница во Франција за само 12 часа падна просечната годишна количина на дожд.
Властите соопштија дека во текот на ноќта поплавите ги оштетиле куќите, мостовите и патиштата во планинскиот регион на Приморските Алпи крај границата со Италија.
Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, изрази сочувство со семејствата на исчезнатите. Според него, повеќе од 100 домови биле уништени или сериозно оштетени.
Францускиот претседател Емануел Макрон, на Твитер изрази благодарност до спасувачите.
„Ќе го поминеме ова заедно“, напиша Макрон.
Француската метеоролошка служба Метео Франс објави дека во некои области наврнале 500 милиметри дожд, што е скоро на нивото на годишниот просек.
Во регионот е на сила предупредување за опасност, а училиштата се затворени. Локалните власти ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат своите домови.
Ново на Сител
-
Вардар, Шкендија, Струга и Брера се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија
-
55-годишен маж паднал од објект во изградба и подоцна починал
-
Кривична за две лица од Кичево за „бесправно градење“ и „симнување и оштетување на службен печат или знак“
-
ЈП „Водовод“ Куманово пријави вработена за проневера на пари
-
Мачките благотворни за човековото здравје
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
ДКСК: 86 казни за актуелни и поранешни министри, пратеници и именувани лица
-
Филипче: Владата да каже за што се потрошени парите од унгарскиот кредит