Бизарно но вистинито
14. January 2016 - 17:45

9-годишно девојче заспало на мобилниот, кога се разбудило останало шокирало

Во последно време и децата имаат свои мобилни телефони. И додека тие можат да бидат неверојатно корисни, сепак имаат и лоши страни. Многу е можно да не сме ја сфатиле нивната потенцијална штетност.

Оливија Ретер е 9-годишно девојче кое живее со своето семејство во Хертфордшир, Англија.

Како и многу други нејзини врсници, Оливија има мобилен телефон, но една вечер кога заспала над него, таа не очекувала дека следниот ден ќе има толку шокантен и болен повик за будење.

"Се разбуди вечерта и дојде во мојата соба велејќи дека ја боли ногата - мислев дека само глуми и ја вратив назад во кревет", рекла нејзината мајка.

Тука постои лекција која треба да се научи, а тоа е дека сите ние треба да бидеме внимателни кога на децата им даваме мобилни телефони. Еве и зошто:

Оливија сепак не глумела....

Изгореницата се појавила бидејќи пукнала маската од телефонот, во која се наоѓала декоративна течност, која се загреала и ја изгорела нејзината нога.