Македонија
16. јуни 2020 - 9:21

860 лица добиле решенија за изолација, а 199 потпишале изјави за самоизолација

Во текот на изминатото деноноќие (15/16.06.2020 година) на територијата на Република Македонија на 860 лица им се издадени решенија за изолација, а 199 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за изолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 559 прекршоци.