Тенис
25. May 2018 - 16:04

84-ти тенисер во светот обвинет за местење натпревари

Дека спортот во целост е под голем притисок од обложувачката мафија потврдува уште еден пример и тоа со тенисерот Николас Кикер кој местел мечеви на Челинџ турнири во Италија и Колумбија пред 3 години. 
Аргентинецот одбивал секаква соработка за време на истрагата и тоа е причина што бил прогласен за виновен и дискалификуван. 
Кикер е во ТОП 100-те најдобри тенисери во светот а во јуни минатата година се искачил дури до 78. место.