Македонија
17. March 2020 - 16:48

82 лица кои се под здравствен надзор и домашна изолација на подрачјато на СВР Охрид обезбедува полицијата

Со засилени мерки против корона вирусот. 82 лица кои се под здравствен надзор и домашна изолација на подрачјето на СВР Охрид обезбедува  полицијата .Се контролираат угостителските објекти ,казина и спортски обложувалници и кај ниту еден од објекти не е констатирано отстапување при спроведување на одлуката на Владата.

Градоначалникот Герогиески најави дека локалните треба да се  насочат на микро менаџмент по електорнски пат да се  известува само за оперативните мерки кои се превземаат.

Некои од такси превозниците низ градот се позитивен пример во заштитата од корона вирусот тие превземаат мерки за самозаштита но и на патниците кои ги возат.

Согласно актуелната состојба со Корона вирусот и прекинот на воспитно – образовниот процес,

сите основни и средни училишта во координација со надлежните за образование, деновиве започнаа да спроведуваат неформална  настава по електронски пат за учениците.

Ќе споделуваат наставни содржини согласно предвидените образовни програми, вежби и задачи за учениците преку е-маил, преку групи на социјалните мрежи и преку други електронски алатки за комуникација.