76% од новите случаи и 81% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани
Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 7 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Во период од 06.08 до 7.10.2021 на територија на државата 38.019 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 24% биле целосно вакцинирани, односно 9.163 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе два месеци, 28.856, граѓани, односно 76% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 81%, додека само 19% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 7.10.2021 на територија на државата починале 1277 пациенти со Ковид 19, 1070 пациенти од починатите,односно 84% не биле вакцинирани, а само 16%, односно 207 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.
Ново на Сител
-

Во третиот квартал годинава 10.033 слободни работни места
-

Возач на Бит Пазар нападнал 14-годишно момче, па ја одвел неговата 16-годишна сестра во непознат правец
-

Охриѓанец со остар предемет нападнал сограѓанин и тешко го повредил
-

Кривична за 16-годишник од Скопје, поседувал пиштол и муниција и ги носел со себе
-

Издадени приближно 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември
-

Во угостителски објект во Свети Николе затекнати 26 малолетници после 24:00 часот, од нив 14 под дејство на алкохол
-

Германски научници открија антитело против ХИВ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче направи хаос па сега изигрува жртва
