Македонија
19. јуни 2020 - 9:49

705 лица казнети за не носење маска

Во текот на изминатото деноноќие (18/19.06.2020 година) на територијата на Република Македонија на 702 лица им се издадени решенија за изолација, а 210 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека три лица не ја почитувале мерката за изолација, а едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација. Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 705 прекршоци.