Македонија
31. July 2021 - 9:03

69 санкции за пребрзо возење на територија на СВР Охрид

Вчера (30.07.) од 14 до 20 часот полициски службеници од СВР Охрид спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Охрид, при што санкционирани се 69 возачи.

Од нив 23 на територија на Кичево, а по 20 на територија на Охрид и Струга... Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.