Македонија
3. July 2017 - 16:35

68-годишна жена пронајдена мртва во каналот за наводнување на оризите во кочанско

Рано утринава околу 7 часот и 45 минути, вработените во Водостопанство „Брегалница“ кои го одржуваат каналот за наводнување на оризовите полиња, пронашле женски труп, заглавен на решетките од каналот кај селото Жиганци. Од претпријатието веднаш ја алармирале кочанската полиција. Вработените и полицијата успеале да го извадат мртвото тело од водите на каналот и да извршат идентификација. Според информациите од СВР –Штип се работи за 68 годишната Роза З. од село Спанчево, населено место кое се наоѓа на 8 километри спротиводно по каналот од Жиганци.

Според изјавите на соседите, Роза за последен пат е видена вчера попладне како заминува кон полето. После тоа и се губи секоја трага.-стенд ап

По извршениот преглед констатирано е дека нема траги од насилство, по што истражен судија наредил телото да биде предадено на семејството. На лице место увид вршеше истражна екипа од ПС Кочани. Десниот магистрален канал од хидромелиоративниот систем на места е длабок од 4 до 5 метри и ова не е прв пат да се удави човек во него.