Македонија
12. January 2016 - 13:15

64-годишната негувателка доби 10 месеци затворска казна

Шеесет и четиригодишната негувателка, која беше обвинета за малтретирање старица во населбата Кисела Вода е осудена на десет месеци затворска казна. Обвинетата пред судот го признала делото.

Судот на обвинетата ѝ одреди продолжување на мерката притвор до правосилноста на одлуката.  Насилството било откриено на 21 декември минатата година, кога синот на жртвата ги видел снимките од поставениот видеонадзор во станот каде што живеела неговата мајка, која ѝ била доверена на чување на обвинетата.